Фудбал
Интер: “Немаме проблеми со Икарди”
Во Интер се уверени дека не постои причина навивачите да се грижат кога станува збор за односот на клубот со Мауро Икарди.
Икарди е најдобар стрелец на Интер и еден од главните “виновници” дека клубот по долго време се врати во Лигата на шампионите, а имаше шпекулации дека Интер ќе го продаде до 30. јуни, со цел да се спаси од евентуална казна за прекршување на финансискиот фер-плеј.
“Не постои причина да се грижите. Тој е наш играч, нашиот капитен и во наредните недели ќе седниме да разговараме за нов договор”, рече директорот на Интер Алесандро Антонело.
“Финансиски фер-плеј? Постои оптимизам, ние сме фокусирани на оваа цел која мора да се постигне, до 30. јуни. Работиме во тој правец, мислам дека ќе успееме”, рече тој Антонело.
Исто така рече дека нема да се продаваат најдобрите играчи само за да ги исполни финансискиот фер-плеј и дека Интер ќе гради тим кој ќе биде итоа како конкурентен во Италија и Европа.