Фудбал
Интер ослабен пред градското дерби, Спалети ќе мора да бара друго решение
Уругваецот Матијас Весино се врати во Милано поради болка која играчот на Нероазурите ја почувствува во мускулот на десната нога.
Играчот од средниот ред беше веднаш испратен во Милано за точно да се утврди оштетувањето на мускулот и дали ќе биде подготвен за натпреварот против градскиот ривал Милан во Недела.
Весино одлично ја започна новата сезона и може да се каже дека со неговиот победнички гол во 92. минута во натпреварот од Лигата на шампионите против Тотенхем започна неговата вистинска игра во Интер, а навивачите го добиа она што го очекуваа од него.
Од тогаш Интер оствари четири победи во низа во Серија А, а го победиа и ПСВ во второто коло од групата Б од нај елитното клупско натпреварување во Европа.
Ова сигурно не е вест на која се надеваше Спалети.