Connect with us

Фудбал

Интер потпиша договор со Санчез

Милано 6 август 2020 (МИА) – Интер го официјализира договорот за трансфер на напаѓачот Алексис Санчез. Манчестер јунајтед се откажа од правата на играчот, се објавува на веб-страницата на клубот од Милано.

Договорот со 31-годишниот Чилеанец се пресметува до 2023 година.

Во сезоната 2019/20, Санчез одигра 30 натпревари за Интер, со четири гола и 10 асистенции на негова сметка. зс/