Connect with us

Фудбал

Интер претстави нови дресови, Ромелу Лукаку во центарот на вниманието

Интер денеска и официјално ги претстави новите дресови за следната сезона.

Клубот од Меаца ја продолжи соработката со компанијата Најк која подготви нов дизајн за дресовите на Интер за следната сезона.

Иако доцнеа неколку недели со претставувањето на новите дресови, денеска Интер конечно го направи тоа.

Секако очекувано во овие дресови доминираат црно-сините бои кои се заштитен знак на Интер.

Дизајнот е сосема поинаков од оној од минатата сезона, а фановите се презадоволни од изгледот и рекоа дека Nike повторно завршил многу добра работа.

Во центарот на вниманието беше Ромелу Лукаку, кој летово се врати во Интер, а клубот максимално го искористи за промоција на новиот дрес.