Фудбал
Интер сериозен во намерата, испрати понуда за ѕвезда на најголемиот ривал Јувентус
Во зимскиот преоден рок италијанските медиуми пишуваа дека е можно Дибала од Јувентус да се преселив во Интер. Тој се уште не го продолжил договорот со „Старата дама“. А, новите информации велат дека Интер е сериозен во намерата, па веќе испратил понуда до агентот на фудбалерот.
„Газета дело Спорт“ пишува дека спортскиот директор на Интер, Бепе Марота, кој е поранешен директор на Јувентус, почнал преговори со менаџерот на Дибала. Наводно понуден е петгодишен договор со годишна плата од 7,5 милиони евра. Според Газета дело Спорт, доколку Дибала не добие иста понуда од Јувентус, тогаш ќе му каже ДА на Интер. Неговиот договор му истекува по завршувањето на сезоната.