Фудбал
Интер со “петарда” до врвот, конечно Лаутаро и Џеко го прекинаа “постот”
Интер се врати на врвот во Серија А откако вечерва на “Џузепе Меаца” со убедливи 5:0 славеше против Салернитана. Цели четири меча тимот на Инзаги во сите конкуренции немаше постигнато ниту еден гол, а вечерва конечно проработе тандемот Џеко-Лаутаро.
Последен пат Џеко постигна гол против Наполи (1:1) на 12-ти февруари, а последен гол на Лаутаро беше во декември минатата година.
Сепак, вечерва Лаутаро Мартинез беше голгетерски расположен и постигна хет трик. Ја тресеше мрежата на Салернитана во 22-ра, 40-та и 56-та минута. Џеко постигна два гола 64-та и 69-та, а запиша и една асистенција за третиот гол на Мартинез. Одлична партија одигра и Барела кој имаше две прекрасни асистенции.
Интер е лидер со 58 бодови, еден повеќе од Наполи и Милан, но и меч помалку, а овие две екипи играат дерби во недела.