Connect with us

Фудбал

Интер со пресврт триумфираше над Верона

Интер се доближи кон врвот на табелата откако вечерва ја победи екипата на Верона со 2:1.

Моментално на табелата Интер е на само еден бод негатива во однос на лидерот Јувентус.

Валерио Вере во 19. минута преку пенал прв ја тресеше мрежата на Интер, а во второто полувреме тимот на Конте мораше да работи на тоа. Матијас Весино во 65.минута го израмни резултатот, а Николо Барела го донесе триумфот со прекрасен погодок во 83.минута.