Фудбал
Интер во „војна“ со Серие А, претседателот за првиот човек на лигата: Ти си кловн!
Првиот човек на Интер Стевен Жанг влезе во „војна“ со раководството на Серие А. Причина е одложувањата на мечевите поради коронавирус. Интер тврди дека на штета на нивниот клуб се одредени новите термини.
Според информациите од италија, вчера вечер било договорено да се одигра дербито Јувентус – Интер, пред празни трибини, но раководството на лигата одлучило повторно да го презакаже дуелот. Првично на 13 мај, но по револтот на Интер, одреден е друг термин и тоа на 9-ти март.
-Поголем кловн не сум видел, напиша Жанг на Инстаграм за претседателот на Серие А Паоло Дал Пино.
Воедно му порача да се грижи повеќе за здравјето на играчите бидејќи тие не можат да играат мечеви „секој ден“, како и да понесе одговорност за одлуките што ги носи.
Интер на 5-ти ќе игра реванш против Наполи во Купот, потоа на 8-ми против Сасуоло, а веќе следниот ден ќе го игра дербито против Јувентус. Четири дена подоцна ќе се сретне против Хетафе во Лига Европа.
На табелата лидер е Лацио со 62 бодови, два повеќе од Јувентус кој има натпревар помалку и осум бодови предност од Интер кој има два меча помалку.