Connect with us

Фудбал

Инцидент на клупата на Реал Мадрид, фудбалер дрско реагираше кон Анчелоти

Реал Мадрид вчера го совлада Алкојано со 3-1 во осминафиналето на Купот на кралот.

Избраниците на Карло Анчелоти ја завршија работата во финишот на натпреварот, а во 86. минута од натпреварот дојде до конфликт на клупата на Кралевите.

Главната улога ја имаше фудбалерот на Реал Мадрид, Дани Себаљос. Тој беше фатен од камерата како дрско реагира кон тренерот Анчелоти.

Овој фудбалер непосредно пред да влезе во игра имаше „жолта минута“ и доста жестоко реагираше кон својот тренер.

Себаљос одмавна со раката и беше видно лут, а Анчелоти се обиде мирно да реши се.

За Дани Себаљос ова беше меч по пет месеци отсуство поради повреда, а Италијанецот пред овој меч изјави дека смета на Себаљос во вториот дел од сезоната.

„Ми се допаѓа како човек. Тој е лик на теренот. Тој ќе биде важен дел од тимот во вториот дел од сезоната“, изјави Анчелоти.

Реклама

Facebook

Реклама