Connect with us

Кошарка

Инцидент во Чаир, навивач на домашниот тим нападна кошаркар на Работнички (ВИДЕО)

Тежок инцидент вечерва во салата „Шабан Трстена“ во Чаир на мечот помеѓу истоимената домашна екипа и Работнички. Имено, еден од навивачите на домашната вледа на паркетот и го нападна кошаркарот на Работнички Ерик Нотиџ.

Ова се случи отккао Работнички постигна поени од контра, па дојде до мало кошкање помеѓу кошаркарите на двата тима. Во следниот момент навивачот влета и директно го нападна Нотиџ, по што настана мешаница на паркетот. Реагираа кошаркарите и членовите на тимовите на двата тима и спречија поголема катастрофа. Ова се случуваше во 6-тата минута од втората четвртина при резултат 44:23 за Работнички.