Фудбал
Инцидент во Тетово, ги бркаа судиите по целиот терен (ВИДЕО)
Тетекс и Воска Спорт одиграа без победник 1:1. Домашниот тим успеа да се спаси од пораз бидејќи гостите имаа голем број на шанси, но исто така им беше поништен гол во самиот финиш на мечот поради офсајт. Токму поради тоа по последниот свиреж на судијата настана инцидент кога дел од гостинските фудбалери и дел од екипата ги бркаа судиите по целиот терен, незадоволни од нивната одлука и поништениот гол. За среќа полицијата беше тука, која успеа да воспостави ред и да спречи поголем напад на судиите. Сигурно ќе следуваат казни од страна на ФФМ.