Фудбал
Инзаги: Вака не може да се одбрани титулата
Откако одиграа реми 1:1 против Торино, тренерот на Интер Симоне Инзаги со критики до своите фудбалери, а веројатно и за самот него, бидејќи не ми се допаднала играта. На крајот, тренерите ги поставуваат тактиките и формациите, а синоќа се спасија од пораз во 94-та минута, а се виде дека за разлика од мечот со Ливерпул кога победија со 0:1, против Торино беа без идеја.
-Мораме да ја подобриме играта, ако сакаме да го одбраниме скудетото, со ваква игра не може. Можеме подобро, но мора да бидеме искрени и да кажеме дека мора да се подобриме, секако во трката за титулата многу работи ќе зависат и од резултатот на Милан“ – изјави Инзаги.
До крајот остануваат уште девет кола, Милан е прв со 63 бодови, Наполи втор со 60, Интер трет со 59 и натпревар помалку, Јувентус е на четвртото место со 56 бодови. Според ова се очекува жешка завршница во Серија А.