Connect with us

Кошарка

Ирвинг се врати во тимот, може да игра без вакцина!

Бруклин Нетс ја запознаа изреката „Неопходноста го менува законот“.

Имено, овој НБА тим претходно го отстрани еден од најдобрите кошаркари Кајри Ирвинг поради неговиот став дека не сака да се вакцинира.

Нетсите се решија на овој потег бидејќи во Њујорк играчите не можат ниту да играат ниту да тренираат доколку не се вакцинирани, па Ирвинг едноставно стана вишок во клубот.

Сепак, многу играчи на Нетс неодамна добија позитивни тестови за вирусот КОВИД-19, па челниците се одлучија за мал преседан.

Кајри Ирвинг е вратен во тимот, но поради законот во Њујорк ќе може да конкурира само за гостувањата на својот тим.

Доколку Ирвинг продолжи да верува дека не сака да се вакцинира, ќе мора да дава пет последователни негативни тестови за коронавирус, а потоа ќе се тестира секој ден.

Ирвинг, според тоа, нема да може да игра на преостанатите 26 натпревари на Бруклин на домашен паркет, како и на три гостински терени во два натпревари против Њујорк Никс и Торонто Репторс, бидејќи во Торонто важат слични мерки како во Њујорк.

Бруклин Нетс засега одлично се снаоѓа во Источната конференција каде по 29 меча е на првото место со 21 победа и осум порази. Вечерта што претстои ќе не пречека Орландо Меџик, а дури шест играчи нема да настапат поради коронавирусот и тоа Олдбриџ, Бембри, Браун, Картер, Џонсон и Милсап.