Connect with us

Фудбал

Иско го официјализира барањето да го напушти Реал од јануари

Играчот за врска на Реал Мадрид, Иско, го извести клубот дека сака да си замине во јануари. Тој, наводно, му рекол на претседателот Флорентино Перез дека ќе потпише за клуб од Премиер лигата следната сезона. Бидејќи е резерва во тимот на Зинедин Зидан, играчот за врска има и други планови, каде што може да игра редовно, со оглед на Европското првенство следното лето.

Според весникот „Марка“, сакајќи повеќе време да помине на теренот, бројот 22 му соопштил на раководството на „Кралевите“ дека има намера да го напушти клубот во јануари 2021 година, веднаш штом ќе се отвори пазарот.

Тренерот на Реал Мадрид ја разбира ситуацијата на играчот и претседателот Перез се согласи да го продаде 28-годишниот фудбалер за најмалку 45 милиони евра.

За него се интересираат пет клуба: Арсенал и Манчестер Сити од Англија; Јувентус и Интер од Италија, како и Севилја во Шпанија. Како и да е, тој се чини дека повеќе е привлечен од Премиер лигата. Двајца шпански тренери го чекаат со раширени раце: Гвардиола и Артета.