Connect with us

Фудбал

Иско сака да го напушти Реал, но понудите не доаѓаат на адресата на Реал

Шпанскиот играч за врска Иско би можел да го напушти Реал Мадрид во јануари.

Имено, според шпанските медиуми, 29-годишниот фудбалер сака со сите сили да го напушти Реал, но наводно нема официјални понуди.

Реал наводно нема намера да создаде проблеми за Иско, но очекува најмалку 60 милиони евра обештетување.

Се споменуваше дека Иско може да замине во Интер како дел од размената за Кристијан Ериксен, но ваквите приказни во последно време се тивки.

Да потсетиме, Иско пристигна во Реал во 2013 година од Малага, а сегашниот договор за клубот од Мадрид го обврзува до летото 2022 година.