Фудбал
Искусниот Шпанец збесна, со двете раце го грабна ВАР мониторот и го фрли на земја (ВИДЕО)
Поранешниот шпански репрезентативец Јаго Аспас не ја прифати добро одлуката што ја донесе судијата со помош на ВАР технологијата.
Во 12. коло од шпанската Примера, фудбалерите на Селта на свој терен ремизираа со Севиља (1:1), а самиот финиш на натпреварот го одбележа голем скандал на теренот. Главниот судија на натпреварот досуди пенал за домашната екипа во последните минути од натпреварот поради очигледен фаул во шеснаесетникот, но по интервенција на технологијата ја поништи таа одлука – што не им се допадна на играчите на Селта! Бурно реагираше Јаго Аспас (36) еден од најискусните.
É o mellor pic.twitter.com/CoOPvZLAf1
— sergio.fv (@sergiorccv1923) November 4, 2023
Поранешниот играч на Ливерпул и повремен шпански репрезентативец Јаго Аспас во тие моменти не можеше да го контролира својот бес, па откако протестираше поради поништената одлука за пенал, го скрши мониторот ВАР покрај теренот. Всушност, Аспас со двете раце го фати екранот и го фрли на земја, што е јасен показател колку го цени влијанието на технологијата во модерниот фудбал.