Connect with us

Фудбал

ИСЛАМСКА ДРЖАВА СЕ ЗАКАНУВА СО НАПАДИ НА НАТПРЕВАРИТЕ ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИ?! Шпанците алармираат

Според „Марка“, организацијата „Ал Азаим“ објави графика на која се претставени Емиратите, Паркот на принцовите, Цивитас Метрополитано и Сантијаго Бернабеу.

Во вторник од 21 часот се играат првите натпревари од четвртфиналето во Лигата на шампионите помеѓу Арсенал и Баерн Минхен или Реал Мадрид и Манчестер Сити.

Пред овие натпревари, состојбата на подготвеност беше максимално подигната поради заканите на Исламската држава .

Како што пренесуваат шпанските медиуми, ИСИС наводно најавила напади на стадионите на кои ќе се играат споменатите натпревари.

Според „Марка“, организацијата „Ал Азаим“ објавила графики со Емирати, Паркот на принцовите, Цивитас Метрополитано и „Сантијаго Бернабеу“.

Истовремено, шпанскиот весник посочува дека нема причина за паника и наведува дека ништо не е сменето.

Министерството за внатрешни работи на Шпанија ги зголеми безбедносните мерки бидејќи натпреварот е означен како натпревар со „висок ризик“.

– Треба да се потсети дека финалниот натпревар помеѓу Реал Мадрид и Јувентус во Кардиф се одигра со затворен покрив на стадионот Милениум во велшкиот град. По тој повод имаше безбедносни причини поради кои УЕФА одлучи да го изолира стадионот поради можноста од пристигнување на дронови кои би ја загрозиле прославата на натпреварот – пишува споменатиот весник.

Advertisement