Фудбал
Исполнета желбата на Васоски, Аврамовски договорен
Даниел Аврамовски ќе игра за ФК Сараево, тим на чија клупа неодамна седна Александар Васоски. Токму на негова иницијатива босанскиот клуб испрати понуда до Аврамовски, кој од септември е без ангажаман. Според тамошните медиуми, договорот е постигнат и ќе биде за 2,5 години.
Аврамовски и Васоски се знаат од деновите од Вардар, претходно овој играч настапуваше за Работнички, Црвена Звезда, Војводина, Олимпија Љубљана и Кајзериспор.