Други спортови
ИСТОРИЈА: Верстапен победи во Монако
Холанѓанецот трката ја заврши со време 1:38:56,820 час. Второто место му припадна на Карлос Сајнц Јуниор од Ферари (+8,968 секунди), додека трет беше Ландо Норис од Мекларен (+19,427 секунди).
Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен е победник на денешната трка од шампионатот во Формула 1 возена попладнево за Големата награда на Монако.
Актуелниот шампион Луис Хамилтон го освои седмото место, по што водечката позиција во поредокот му ја препушти на Верстапен.
Трката воопшто не ја стартуваше освојувачот на пол-позицијата Шарл Леклер од Ферари поради проблеми со болидот.
Табела по пет трки во Ф1: Верстапен 105 бода, Хамилтон 101, Ландо Норис 56, Валтери Ботас 47, Серхио Перез 44,….
Следната трка е закажана за 6 јуни во Азербејџан.