Кошарка
Историја за Грег Попович, тренер со најмногу победи во НБА лигата
Сан Антонио славеше против Јута со 104:102, а тренерот Грег Попович влезе во историјата на НБА лигата. Ова беше 1.336 победа на Попович во тренерската кариера и го помина Дон Нелсон кој остана на 1.335 победи во регуларниот од сезоните во НБА лигата. Легендарниот Попович до историскиот подвиг дојде во 2030 натпревар и тоа во својата 26 сезона во Сан Антонио.
НБА РЕЗУЛТАТИ: Хјустон – Далас 100-113, Орландо – Минесота 118-110, Атланта – ЛА Клиперс 112-106, Бостон – Детроит 114-103, Мемфис – Њујорк 118-114, Мајами – Кливленд 117-105, Њу Орлеанс – Шарлот 120-142, Сан Антонио – Јута 104-102, Феникс – Торонто 112-117, ЛА Лејкерс – Вашингтон 122-109.
1,336.. Gregg Popovich stands alone! pic.twitter.com/R134kESQGS
— NBA (@NBA) March 12, 2022