Фудбал
Историјата е испишана: Првиот стадион на светот на кој се постигнати 10 илјади голови
Круз Азул во рамките на 13. коло од првенството на Мексико на свој терен ја совлада екипата на Куеретар со резултат од 3:0.
Домаќините остварија заслужена победа, а головите за победа ги постигнаа Пинеда во 18. минута и Карагљо во 64. и 79. минута од натпреварот.
Сепак, големата занимливост се врзува за нивниот стадион кој се нарекува Астек. Имено, по вчерашните голови овој стадион стана првиот во светот на кој се постигнати 10 илјади голови.
Оваа чест ја одбележаа и со пиротехнички средства, а сето тоа беше организирано откако беше постигнат голот кој беше историски.
¡Así estalló el Azteca en la anotación 10 mil!
El Coloso de Santa Úrsula se convierte en el primer estadio del mundo en recibir dicha cantidad de goles. pic.twitter.com/FG9UJ6z5Q0
— PressPort (@PressPortmx) April 7, 2019