Connect with us

Фудбал

Историска бламажа на Ливерпул на „Енфилд“!

Фудбалерите на Реал Мадрид направија огромен чекор кон четврт-финалето на Лигата на шампионите откако вечерва на „Енфилд“ го победија Ливерпул со резултат 5:2.

Ливерпул брзо стигна до 2:0 со головите на Дарвин Нуњез и Мохамед Салах, но потоа следуваше вистински шок – два гола на Винисиус, па Милитао, автогол на Гомез и Бензема за 2:5.

Првото полувреме на „Енфилд“ беше едно од најлудите во оваа деценија во Лигата на шампионите.

Прво дека Ливерпул имаше заслужени 2:0 и второ дека Реал заслужено стигна до 2:2 и дека двајца од најдобрите светски голмани на идентичен начин поклонија по еден гол.

Веќе во четвртата минута високиот пресинг на Ливерпул вроди со плод, топката дојде до Салах, кој одлично го проигра Нуњез кој се прикрадува зад одбраната, ја смести топката зад грбот на Куртоа за 1:0 .

Во следните минути гледавме како играчите се лизгаат на теренот, неколку од нив имаа проблеми да одржат рамнотежа, а кулминацијата се случи во 14. минута кога Хендерсон и Камавинга се лизнаа во истиот напад, а 10 секунди подоцна Куртоа кој прими лош удар со топката, Салах ја украде и погоди за 0:2.

Но, Реал Мадрид воскресна од мртвите и како феникс се врати. Во 21. минута речиси од никаде одбраната на Ливерпул остави премногу простор за Винисиус кој ја затресе мрежата за 2:1.

Во 25. минута Ливерпул имаше шанса да го постигне третиот гол, Салах не ја зафати добро топката која стигна до Нуњез, но Карвахал во последен момент пред линијата го блокираше Нуњез.

Кога веднаш потоа си замина Давид Алаба поради повреда, а влезе многу побавниот Начо, се чинеше дека десната страна од одбраната на Реал ќе биде уште поранлива.

И тогаш, од никаде – 2:2. Во 36. минута Џо Гомез ја врати топката до Алисон, кој шутираше во Винисиус, кој ја одврати во мрежата за 2:2.

До крајот на полувремето Реал лесно можеше да се сврти, Родриго остана сам на втората статива и за малку ќе ја погодеше мрежата, но Робертсон се најде на вистинското место.

Ако Ливерпул делуваше рамноправно во првото полувреме, во вториот дел изгледаше како англиски тим од пониска класа.

Веќе во 47. минута Модриќ направи „брејк“, Милитао остана сам како дух и со глава погоди за 2:3. Овој гол е најдобар показател за тоа како Ливерпул брани прекини сезонава.

Кога во 55. минута Бензема шутираше покрај очајниот Џо Гомез и топката заврши зад Алисон, очигледно беше дека на Ливерпул му се чека катастрофа.

Домашните веќе не можеа да се поврзат, сепак мораа да ги слушаат инструкциите на Клоп да налетаат на некој пресинг, доцнеа на секое додавање, излегуваа како неиграна пониска екипа, а Реал „танцуваше“ и ја чекаше следната шанса.

Мадриѓаните го дочекаа во 67. минута по контранапад, во кој играчите на Ливерпул со своите движења како муви без глава направија да изгледа како акција од учебник. Модриќ до Винисиус, вториот до Бензема, овој го брејка Алисон и погодува за 2:5. Дури и Јирген Клоп се насмевна по овој гол, но не кажа ништо, барем во неколку секунди што можевме да видиме…

Непосредно пред петтиот гол, Клоп ги внесе Јота и Фирмино за Нуњез и Гакпо, па после тој гол Милнер и Матип за Хендерсон и Гомез, но тоа беше се од Ливерпул.