Фудбал
Историска ноќ во Париз, Мбапе го надмина Меси, а Аргентинецот легендарниот Пеле
Вечерва ПСЖ беше убедлив со 4:1 против Бриж, а се истакнаа Клијан Мбапе и Лионел Меси. Французинот ги постигна првите два, а Аргентинецот преостанатите два гола за домашниот тим. Покрај тоа, Мбапе имаше асистенција.
Мбапе стигна до 30 гола во Лигата на шампионите и стана најмладиот играч со 22 години и 352 дена кој постигнал толку голови во најелитното клупско натпреварување, а интересно го надмина рекордот на Меси.
Во продолжение Меси вечерва го престигна легендарниот Бразилец Пеле по бројот на постигнати голови.
Поранешниот напаѓач на Барселона сега има 758 гола, додека Пеле е на 757. Најефикасен на сите времиња е Кристијано Роналдо со 801 гол, додека пред Меси е Јозеф Бицан со 759 гола.