Поврзи се со нас

Фудбал

Историска победа за Башакшехир во ЛШ, остварена е над Манчестер јунајтед

Истанбул, 4 ноември 2020 (МИА) – Турскиот фудбалски клуб Башакшехир, вечерва за првпат во клупската историја забележа победа во Лигата на шампионите. Во Истанбул совладан е Манчестер јунајтед со 2:1.

Турскиот клуб оваа сезона дебитира во групната фаза во елитното натпреварување. Претходно, шампионот на Турција загуби од Лајпциг и ПСЖ со ист резултат 0:2.

Башакшехир има 3 бода, Х-групата, Манчестер остана со 6. Вечерва играат Лајпциг и ПСЖ по што ќе се комплетира 3. коло. зс/

loading...

Facebook