Connect with us

Фудбал

Историски момент во фудбалскиот свет, Интер плати фудбалер со биткоини

Се случи историски момент во професионалниот фудбал. Трансфер платен со биткоини. За прв пат во историјата ова се случува. Станува збор за играч кој како тинејџер бил дел од Реал Мадрид, Давид Барал, кој сега е играч на третолигашот Интер Мадрид, познат како ДУКС Интернационал де Мадрид. Барал како тинејџер играл за Б тимот на Реал Мадрид, но не успеал да се наметне, па кариерата ја поминал во клубови како Спортинг Хихон, Гранада, Леванте, Ордурспор, АПОЕЛ, Кадиз, Расинг Сантандер, а играл и во Јапонија.

37-годишниот напаѓач потпиша како слободен играч, а информациите велат дека криптовалутата ја добил во замена за паричен бонус. Сепак, не се открива колку точно добил. Денеска еден биткоин изнесува 30.713 илјади евра. Оваа опција Интер ја одбра со цел да го промовира својот нов спонзор „Criptan“, платформа за купување и продажба на крипто валути. Трансфер со криптовалути помеѓу два тима е реализиран во 2018-та година во Турција, во аматерските лиги.