Connect with us

Кошарка

Историски пораз на Бостон од Оклахома, Јенис постави нов рекорд во кариерата (ВИДЕО)

Во американската НБА синоќа се одиграа три натпревари – Бостон прими дури 150 поени во поразот од Оклахома, Милвоки го совлада тимот на Вашингтон со 123:113, со рекорд во кариерата на Јанис Адетокунбо, додека Дерон Фокс го режираше славјето на Сакраменто против Јута.

Оклахома Сити Тандер убедливо го победи лидерот во Источната конференција Бостон со резултат 150:117, што е втор најтежок пораз на Селтикс во историјата на лигата по бројот на примени поени. Келтите примија повеќе поени само во 1979 година во дуелот со Детроит Пистонс. Исто така, тоа беше прв пат Тандер да постигне повеќе од 150 поени во еден натпревар откако франшизата се пресели во Оклахома.

Во отсуство на двајца важни соиграчи, дури пет играчи на победничката екипа постигнаа над 20 поени. Џош Гиди броеше до 25, Дорт додаде 23, а Ман, Џо и Вилијамс постигнаа по 21.

Рекорд на кариерата на Јанис Адетокунбо

Милвоки Бакс го совлада тимот на Вашингтон со 123:113, а грчкиот кошаркар Јанис Адетокунбо постави нов рекорд во кариерата – постигна 55 поени.

Ова беше трет натпревар во низа за Адетокунбо во кој постигна повеќе од 40 поени, а најдобриот играч на Бакс шутираше 20 од 33 од поле. Фати 10 топки и подели три асистенции.

Најблиску во учинокот на грчкиот кошаркар беше Брук Лопез со 21 поен и 13 скока.

НБА лига, резултати:

Милвоки – Вашингтон 123:113

Оклахома – Бостон 150:117

Јута – Сакраменто 115:117