Connect with us

Фудбал

Историски трансфер на Ерлинг Халанд, но не во Реал Мадрид?!

Според угледниот париски весник „Л’Екип“, ПСЖ во летниот преоден рок ќе го купи „Терминаторот“ од Борусија Дортмунд. Наводно францускиот тим практично пред нос ќе им го украде Ерлинг Халанд на Реал Мадрид и Барселона, кои подолго време се заинтересирани за неговите услуги.

Л’Екип тврди дека овој трансфер ќе биде најголем во историјата на фудбалот. Наводно ПСЖ подготвил неверојатни 300 милиони евра за Халанд, од кои една третина ќе бидат за Борусија Дортмунд, а остатокот за провизии за менаџерот Рајола и таткото на Халанд. Дел од тие пари, околу 30 милиони евра годишно, се за платата на фудбалерот.

Халанд во Борусија Дортмунд дојде пред две години од Ред Бул Салцбург за 20 милиони евра и има 76 гола и 20 асистенции во 75 меча за „милионерите.

 

Реклама

Facebook

Реклама