Фудбал
Италија без еден од најдобрите фудбалери против Македонија во баражот за СП
Италијанскиот фудбалски репрезентативец и играч на Јувентус, Федерико Киеза, вчера на натпреварот против Рома ги скинал лигаментите на коленото и сега го очекува повеќемесечна пауза. Според првичните информации паузата би можела да трае цели шест месеци.
Италијанските медиуми пишуваат дека фудбалерот на Јувентус, најверојатно нема да заигра фудбал до крајот на сезоната, а тоа значи дека нема да настапи и на натпреварот од квалификациите за Светското првенство против Македонија. Македонија ќе гостува во градот Палермо на 24 март, каде сигурно за Италија ќе биде голем проблем што ќе го немаат Киеза,