Connect with us

Други спортови

Италија ја бара првата историска победа над Англија во Шест нации

Рагби репрезентацијата на Италија ја пречекува Англија во вториот натпревар од Шест нации. Натпреварот е денеска на стадионот „Олимпико“ во Рим.

„Розите“ во мечот излегуваат како апсолутен фаворит. Досега, Италија нема ниту една победа против Англија во нивните 28 меѓусебни натпревари.

Ривалството меѓу двата тима започна во далечната 1991 година, кога Италијанците загубија со 6:36.

Англија во моментов го зазема претпоследното место во трката со еден бод од еден натпревар, додека Италијанците се единствената селекција без освоен актив.

Лидер на рангирањето е Франција, чија селекција веќе има девет бодови, а по неа следат Ирска (6), Шкотска (5) и Велс (4).