Connect with us

Фудбал

Италија ја разби Франција среде Париз, голот на Димарко вистинско ремек дело (ВИДЕО)

Италија одигра одличен меч и со 3:1 ја совлада Франција на гостински терен во рамките на А дивизијата од Лигата на нации. Победата е уште поголема ако се знае дека е остварена со пресврт. Франција поведе со голот на Баркола уште во првиот напад од почетокот на мечот. Израмни Димарко со фантастичен волеј удар во 30-та минута. Пресвртот го најави Фратези во 51-та, а точка на мечот стави Распадори во 74-та минута од натпреварот.