Connect with us

Фудбал

Италија можен противник на Македонија во баражот, Манчини порачува: Сигурно одиме на СП, а можеби и ќе го освоиме

Иако немаат пораз, сепак со четири победи и четири нерешени средби, Италија не успеа да го освои првото местово групата и да обезбеди директен пласман на СП. Откако со Ирска одиграа 0:0 синоќа, а Швајцарија со 4:0 ја совлада Бугарија, тимот на Роберто Манчини ќе мора преку бараж да се бори за Мундијалот. И токму таму селекцијата на Италија е можен противник на Македонија, која за прв пат во историјата ќе игра бараж за СП.

Сепак, селекторот Манчини е смирен.

– Ништо не може да се направи сега. Во март ќе одиграме натпревар во кој ќе треба да го дадете максимумот. Сега имаме проблеми со головите и покрај тоа што ја имаме топката и иницијативата. Северна Ирска се бранеше со полна сила, а ние не можевме да ја пробиеме нивната одбрана. Штета, одамна требаше да освоиме групата. Треба само да се вратиме на она што ни беше типично пред актуелниот период. На решавачките натпревари не реализиравме два пенала, односно имавме шанси за победа. Сега треба да се подготвиме за мартовскиот бараж и да играме со самодоверба. Се надеваме дека ќе успееме да избориме пласман на Мундијалот во Катар, изјави Манчини.

Италија која е актуелен европски фудбалски шампион, квалификациите го заврши на 2. место во Ц-групата со 16 бода, два помалку од победникот Швајцарија која обезбеди директен пласман на Мундијалот во Катар.

 

Реклама

Facebook

Реклама