Connect with us

Фудбал

Италија урна нов светски рекорд, стар 47 години

Италија вчера се измачи против Австрија повеќе од очекуваното, но славеше со 2-1 и се пласираше во четвртфинале на Европското првенство (ЕП), а притоа урна и рекорд.

„Аѕурите“ поставија нов светски рекорд по број на минути без примен гол, кога станува збор за репрезентативниот фудбал.

На оваа средба репрезентацијата на Италија постави нов рекорд по бројот на минути без примен гол на официјалните натпревари. „Аѕурите“ ја надминаа бројката од 1.143 минути колку што претходно издржала најсупешната одбрана без да прими гол. Интересно  е што и таа е продукт на Италија која од 1972 до 1974 година, во ерата на легендарниот голман Дино Ѕоф не успеа да прими ниту еден огл.

Тимот на Роберт Манчини го собори и сопствениот рекорд по бројот на натпревари без пораз. Ова беше нивни 31-ви натпревар по ред без пораз, а претходно немале загубено 30 натпревари од 1935 до 1939 година. Последни кои успеале да ги победат биле Португалците во 2018 година во Лигата на нации со 1: 0.