Тајмаут
Италијанецот е бомба на преодниот период – со него доаѓа и убавицата: Англиска приказна за атрактивната Џулија! (ФОТО)
Првиот голем трансфер во англискиот фудбал летово беше трансферот на Сандро Тонали за 64.000.000 евра од Милан во Њукасл, а сега одличниот италијански играч за врска пристигна во Англија. Тој дојде да се приклучи на нов тим и не беше сам. Со него на аеродром се појави Џулиета Пасторе, италијанска дизајнерка и инфлуенсерка која четири години е во врска со 23-годишниот Тонали! Оваа занесна русокоса е добро познато лице во Италија, а сега таа и нејзиното момче ќе треба да го заменат Милан со Њукасл.
На никој од нив тоа навистина нема да му се допадне! Џулија сакаше да продолжи да живее во својата татковина, додека Тонали е навивач на Милан уште од детството и не сакаше да оди. Кариерата ја започна во Бреша, а за „росонерите“ игра од 2020 година, а по три сезони одлични партии, челниците на клубот решија да платат за неговите добри игри.
Погледнете како изгледа неговата девојка:
