Connect with us

Фудбал

Италијански клуб повторно го контактираше Зидан

Француските медиуми тврдат дека Зинедин Зидан повторно добил повик од Италија да го замени Маурицио Сари следната сезона. Јувентус не е задоволен од начинот на кој Сари ја предводи екипата по заминувањето на Масимилијано Алегри, па се погласни се шпекулациите дека ќе дојде до промена на кормилото на „Старата дама“. Прва опција е Зинедин Зидан.

Човекот кој како играч остави длабока трага во Јувентус, сега е прва желба за клупата. Втор пат за само неколку месеци, Французинот добива повик од италијанскиот тим.

Сепак, засега нема ништо конкретно, бидејќи Зидан не планира да замине од Реал Мадрид. Но, останува да се види како ќе заврши сезоната и што ќе одлучи раководството на „Кралевите“.