Фудбал
Италијанскиот гигант го сака Тони Крос!
Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Тони Крос може да ја продолжи кариерата во Серија А.
Според „Tribal Football“, Јувентус е заинтересиран за поранешниот германски репрезентативец. Раководството на торинскиот клуб сака да го придобие Крос во зимскиот преоден рок.
Договорот на играчот со Реал е до летото 2024 година. Трансферот на Крос се проценува на 14 милиони евра.
Сезонава 33-годишниот фудбалер одигра 18 натпревари на кои постигна еден гол и шест асистенции.