Фудбал
Италијанците не се предаваат: Ќе направат се за да ја завршат сезоната …
Претседателот на италијанската фудбалска федерација Габриеле Гравина повторно го најави продолжението на сезоната во Апенините.
Италија е земја која е најтешко погодена од коронавирусот. Спортските натпреварувања се одамна прекинати, но Италијанците се јасно убедени дека сезоната ќе заврши.
Претседателот на федерацијата Гравина најави дека ќе се игра во текот на целото лето доколку е потребно.
„Нема да изгубам надеж и ќе дадам се од себе за да продолжи сезоната“, изјави Гравина за „Радио Марти“, продолжувајќи:
„Сè уште е рано да се истакне посебен датум, но мора да размислиме позитивно.Ќе се обидеме да ја завршиме сезоната и да побараме од УЕФА и ФИФА да ја продолжиме и после јуни, односно да играме во јули и август. За тоа ќе дознаеме наскоро. Сега нема место за сопствените интереси и ги замолувам сите за разбирање затоа што федерацијата ќе мора да одлучи“, посочи Гравина, а потоа заклучи:
„Прекинувањето на сезоната би го сметал како сопствен пораз и колку што е можно ќе ги отфрлам ваквите предлози“, рече тој.
Доколку сезоната заврши според досегашниот пласман, титулата на шампион повторно ќе ја освои Јувентус.