Connect with us

Фудбал

Италијанците објавија дека Ибрахимовиќ ја завршува кариерата, а Златан им одговори

Италијанските медиуми денеска објавија дека Златан Ибрахимовиќ сигурно ќе го напушти Милан на крајот на оваа сезона.

Шведскиот напаѓач со „росонерите“ има договор до крајот на сезоната, но сигурно беше дека ќе ја продолжи соработката за уште една година. Но, после сето тоа што се случи, останува под знак прашалник дали Ибрахимовиќ ќе добие договор од клубот со „Сан Сиро“.

„La Gazzetta dello Sport“ денес објави дека Ибрахимовиќ нема да го продолжи договорот и најверојатно ќе ја заврши кариерата на крајот на сезоната. Како и да е, сега се огласи и Ибар, кој негираше дека е донесена каква било одлука.

“Сè уште не знам што ќе се случи затоа што секој ден се случува нешто ново. Никој не го очекуваше коронавирусот, но ние мора да почитуваме сè и да бидеме трпеливи. Ќе видиме подоцна што ќе се случи. Јас не донесов никаква одлука сега“, рече Ибрахимовиќ.

Во јануари Швеѓанецот потпиша договор со Милан во кој пристигна како слободен агент. Тој има одиграно осум натпревари во Серија А и успеа да постигне три гола за „росонерите“.