Connect with us

Фудбал

Итен состанок на Лапорта со тренерот Куман кој траел до два часот по полноќ, а разговорот не бил пријатен

Во вторникот вечерта, Барселона убедливо загуби од Баерн во од првото коло во Лигата на шампионите, поради што претседателот на каталонскиот клуб, Жоан Лапорта, одржал итен состанок со тренерот Куман.

Шпанските медиуми пишуваат дека двајцата имале состанок до два часот по полноќ и дека првиот човек на клубот е прилично незадоволен, не само од резултатот, туку и од начинот на кој игра тимот.

Разговорот не одвивал со непријатен тон, а Лапорта му ставил до знаење дека поразот на почетокот на Лигата на шампионите не е нешто што се толерира во клуб како Барселона.

Кога се врати на позицијата претседател на каталонскиот клуб, сите очекуваа дека Лапорта ќе го замени Куман затоа што го донесе претходното раководство. Сепак, тоа не се случи, најмногу затоа што тој е поранешен легендарен играч на клубот, па затоа беше одлучено да му се даде шанса.

Facebook