Фудбал
Итен состанок на Перез и Лопетеги: Малку време остана за тренерот на Реал
Реал Мадрид доживеа нова бламажа откако на „Сантијаго Бернабеу“ беше поразен од Леванте со 1:2.
После овој неуспех тренерското столче на Жулиан Лопетеги уште повеќе се тресе, но засега тој ќе остане на клупата.
„Cadena SER“ тврди дека по натпреварот претседателот на клубот Флорентино Перез одржа приватен состанок со Лопетеги. Разговараа околу 15 минути и според информациите од Шпанија, тренерот на Реал се уште има поддршка.
Перез беше многу нервозен во текот на натпреварот. Често во раката го имаше мобилниот и сигурно дека ни малку не е задоволен од тоа што се случува со Реал.
-Florentino Pérez: se puso grave esto,¿a quién llamó?
En la agenda ¿Quién puede con este Madrid?#Florentinoperez pic.twitter.com/aOgglWLJvN— Omar Orlando Salazar (@OOSalazarFutbol) October 20, 2018
После се капитенот на Реал Мадрид Серхио Рамос излезе во јавноста и повика на трпение.
„Нормално е да има критики. Не само за Жулиан, туку за сите, посебно за оние кои повеќе играат. Знаеме дека навивачите се фрустрирани, но сега мораме да бидеме сплотени како никогаш досега. Тоа е единствениот начин да ја надминеме кризата. Не е добро кога се менуваат менаџери. Ние сме со Жулиан и ги повикуваме сите на трпение“, рече Рамос.
На Реал сега му претстои натпреварот од Лигата на шампионите против Викторија Плзен, а потоа Ел Класико против Барселона.