Connect with us

Фудбал

Итно префрлен во болница поранешниот најплатен фудбалер во светот, имал повреда од остар предмет!

Поранешниот аргентински фудбалер Езекиел Почо Лавеци е повредeн по семејна расправија и моментално е во болница. Според јужноамериканските медиуми, поранешниот фудбалер утринава бил примен во болницата во Кантегрил по необјаснета епизода во неговиот дом во Хозе Игнасио, каде организирал забава со семејството. Според првите верзии, поранешниот ас на Наполи и ПСЖ е донесен во болница со убодна рана во стомакот и скршена клучна коска.

Затоа, првите индиции беа за можно прободување, но полицијата од Малдонадо, која прва пристигна на местото на настанот, не соопшти повеќе детали. Според уругвајското радио Fm Gente, Лавеци бил избоден со нож од неговиот брат по домашна расправија. Наводно, на се и претходела нивната расправија, но деталите се уште не се разјаснети.

Сепак, според друга верзија што ја објави аргентинскиот весник Clarin, се наведува дека Лавеци се здобил со повредата откако паднал додека менувал сијалица. Засега не е позната состојбата на 38-годишниот поранешен фудбалер, кој во 2019 година ја заврши кариерата по долга кариера во која настапуваше за Сан Лоренцо, ПСЖ и Наполи. На крајот на 2016 година, Лавеци беше најплатен играч во светот со годишна плата од над 20 милиони долари додека играше за кинески Хебеи, а забележа и 51 настап за репрезентацијата на Аргентина.