Connect with us

Тајмаут

Ивана Нол го испровоцира Нејмар откако Бразил отпадна од СП

Најпопиуларната хрватска навивачка Ивана Кнол го испровоцира бразилскиот фудбалер Нејмар по мечот со Хрватска во кој Ватрените со подобро изведување на пенали победија.

Нејмар постигна гол за водство на Бразил во судиското продолжение, но Бруно Петковиќ набргу потоа израмни и ја одведе Хрватска во уште едно престрелка, втора во низа на овој Мундијал. Бразилецот мечот го заврши во солзи, а згора на се, Нол во изјава за српски Телеграф му упати провокација.

“Натпреварот беше тензичен колку што очекував да биде. Очекував дека ќе одиме на пенали, а ние сме мајстори за пенали. Така Бразил си оди дома, а ние одиме во полуфинале. И му посакувам среќа на Нејмар во следното првенство“, рече хрватската навивачка и прогнозираше дека Хрватска во полуфиналето ќе игра против Аргентина и ќе го добие натпреварот.