Тајмаут
Ивана Нол во неволја? Таа се појави во провокативна облека од латекс и влезе во жестока расправија со обезбедувањето
Најпознатата хрватска навивачка, Ивана Кнол , се чини дека овој пат претерала. Катарците го толерираа краткото здолниште и длабокото деколте, но црвениот латекс, се чини, сепак беше премногу.
Имено, како што покажуваат последните фотографии од стадионот на кој се играше натпреварот меѓу Хрватска и Бразил, Ивана влегла во жестока дискусија со обезбедувањето на стадионот.
Иако не знаеме како заврши дискусијата, Ивана сепак успеа да ја направи својата редовна, а сега веќе светски позната фотосесија пред натпреварот.
За време на натпреварот таа објавуваше стории, а на крајот ги провоцира Бразилците. Им прати порака: Бразил кој?“, со насмевка, потоа намигна, па им го извади јазикот.
Бразилците мора да си одат дома, а Ивана останува со Ватрените кои во вторник од 20 часот очекуваат дуел со Аргентина или Холандија во зависност од победникот од овој дуел.
El arma secreta de Croacia y amuleto de la suerte es Ivana Knoll…pic.twitter.com/VVDqTbLmgl
— AnaDeportes (@Ana_deportes) December 9, 2022
