Connect with us

Други спортови

Ивановски годината ја почнува од 325. место на АТП листата

Почетокот на новата година, воедно и почеток на нова недела значи и нова ранг-листа на АТП. Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски новата година ја почнува од 325. место со скок од едно место во однос на минатата недела и со ист број поени – 159.

Горазд Србљак има 10 поени и се наоѓа на 1057. место и има пад од пет позиции.

Трет македонски тенисер со сингл ранг е Обрад Марковски – 1.453. место со три поени и има скок од едно место.

Во конкуренција на двојки Ивановски има исто така напредок за едно место и се наоѓа на 674. место со 71 поен. Берк Бугариќ е на 1.349. место со 16 поени (пад за две места), додека Обрад Марковски е рангиран на 1.756. место со седум поени (пад за пет места). Ранг во конкуренција на двојки има и Елдин Хусеиновиќ – 2.123. место со три поени (пад за две места).

Advertisement