Connect with us

Други спортови

Изби скандалот на Олимпијадата! Организаторите се во шок

На Олимпијадата во Пекинг ќе избие сериозен допинг скандал. Тој беше причината да се одложи доделувањето на наградите на екипните натпревари во уметничко лизгање.

Како што е познато, руските уметнички лизгачи во понеделникот освоија златни медали, откако 15-годишната Камила Валиева стана првата жена која успешно слета во четирискок на Олимпијадата. Втори беа претставниците на САД, а бронзата ја освоија Јапонците.

Во вторникот имаше извештаи дека церемонијата на доделување беше одложена затоа што Американецот Винсент Џоу беше заразен со коронавирус. Затоа беше одлучено доделувањето на медалите, кое требаше да се одржи вчера, да се одложи на неодредено време.

Меѓународниот олимписки комитет и Меѓународната федерација за лизгање признаа дека има проблем со позитивниот допинг тест на руски лизгач. Тоа е тест направен пред Олимписките игри, но сега стана познат неговиот резултат.

Не е тајна дека Русија има сериозен проблем поради позитивните допинг тестови на нејзините спортисти во последните години. Поради оваа причина, земјата учествува на Олимписките игри како Руски олимписки комитет и не може да го користи своето национално знаме и симболи.

Ситуацијата стана јасна вчера и заедно со МОК мора да ги разгледаме сите правни аспекти на случајот“, велат од Меѓународната федерација за лизгање.

„Бидејќи ова се правни потешкотии, не можам да коментирам во оваа фаза. Ситуацијата е итна. Се надевам дека ќе има повеќе информации во наредните часови“, изјави портпаролот на МОК, Марк Адамс.