Connect with us

Фудбал

Избран најдобриот тим за 2021, го нема освојувачот на „Златната топка“, ги нема ниту Роналдо, ниту Мбапе

Се случи и тоа, да биде составен најдобриот тим за годината што измина, а освојувачот на „Златната топка“ да не е во овој состав. Погодувате, тоа е Лионел Меси. Голема дебата се водеше дали тој ја заслужи „Златната топка“, или требаше да замине во рацете на Роберт Левандовски. На крајот Аргентинецот, кој ја освои Копа Америка со Аргентина го освои признанието, иако по заминувањето во ПСЖ не покажа ништо.

Но, парадоксално е што освојувачот на Златната топка не е во најдобрите 11 години кој ги направи француски Л’Екип. На негово место е Мохамед Салах.

Салах блескаше во текот на целата година, беше легитимен кандидат за Златната топка, па за неговото место во тимот не може да се разговара.

Во формација 4-4-2, напаѓачкиот тандем го сочинуваат Карим Бензема и Роберт Левандовски. Интересно е што во тимот ги нема Кристијано Роналдо и Килијан Мбапе.

Мбапе постигна 43 гола и 22 асистенции во 2021 година, но Л’Екип сепак одлучи да го вклучи Кевин Де Брујн од Манчестер Сити.

Еден од најпрестижните спортски весници во светот го стави Менди на голот пред Џанлуиџи Донарума од ПСЖ и покрај тоа што Италијанецот стана европски шампион со „аѕурите“.

Одбраната изгледа вака: Менди (Челзи), Рубен Диас (Манчестер Сити), Маркињос (ПСЖ), Александер-Арнолд (Ливерпул), Тео Хернадез (Милан).

Во средниот ред би игралo дуото од Челзи, Жоргињо и Канте, додека крилните позиции се резервирани за Салах и Де Брујн. Нападот го прават веќе споменатите Бензема и Левандовски.

Реклама

Facebook

Реклама