Connect with us

Фудбал

Изгледа некој ја проколнал Барселона: Нова повреда на Чави му донесе нова главоболка

Секоја репрезентативна пауза по правило му носи големи проблеми на некој од клубовите, а причина се секако повредите на фудбалерите кои настапуваат за своите национални селекции.

Ниту овој пат не беше поинаку, а најлошо беше во тимот на Барселона, кој ќе има големи проблеми во преостанатиот дел од сезоната.

Имено, пред репрезентативната пауза тренерот на Барселона Чави Ернандез можеше да смета на сите фудбалери во својот ростер, а сега е без четворица.

Араухо денеска беше успешно опериран во Финска, а ќе отсуствува речиси три месеци, а Чави ќе може да смета на него само по Мундијалот, што е голем удар за тимот на Барселона.

Повреден е и големото засилување кое пристигна во одбраната на Барселона, Кунде, но тој треба да биде подготвен за натпреварот против Реал Мадрид кој ќе се одигра кон средината на октомври.

На натпреварот на холандската репрезентација се повреди и Мемфис Депај, кој ќе биде надвор од терените околу еден месец. Но, тоа не беше крајот на лошите вести за Барселона.

Денеска на повреда се пожали и десниот бек Белерин кој во тимот пристигна од Шпанија по раскинувањето на договорот со Арсенал.

Тој немаше репрезентативни обврски, но на еден од тренинзите почувствува болка во мускулот, поради што го напушти тренингот.

Сè уште не се знае степенот на повредата, а Барселона се надева дека барем на Белерин ќе му се посреќи, и дека нема да мора уште долго да го пропушта теренот.

Во морето лоши вести имаат две добри вести и тоа дека Де Јонг и Дембеле се вратија во тимот по полесни повреди.

Барселона за шест недели ќе одигра дури дванаесет натпревари, а дел од противниците се Интер, Баер, Реал Мадрид, Виљареал и Валенсија.