Connect with us

Фудбал

Изјава поради која познат тренер трпи критики: Златан е како Роналдо и Меси“

-Златан Ибрахимовиќ ќе биде запаметен како еден од најдобрите напаѓачи на сите времиња, оваа изјава ја даде Роберто Манчини за „СпортМедиасет“. Но, неговата втора изјава е предмет на дискусија во светските спортски медиуми.

-Го ставамм веднаш со Меси и Роналдо, тој е на тоа ниво. Освојуваше шампионски титули каде и да одеше, постигнуваше многу голови. Исто така одлично игра и за Милан оваа сезона, но во овој момент не знам какви му се плановите за иднината, вели Манчини кој му беше тренер во Интер.

Освен во Интер, Манчини му беше тренер и во Манчестер Сити, но само една година. Ибрахимовиќ освои титули со сите клубови, но единствено што му недостасува е пехар во Лигата на шампионите, а тоа го имаат Роналдо и Меси.