Connect with us

Фудбал

Изјавата на Салах предизвика „експлозија“ на „Енфилд“

Според новите пишувања на островските медиуми, Мохамед Салах би можел да го напушти Ливерпул на лето.

Салах, наводно, е голема желба на Реал Мадрид, а самиот Египќанец во изјава за националната телевизија рече дека би сакал кариерата да ја продолжи во Шпанија и дополнително да ги разгори овие шпекулации.

Реал и претходно беше насочен кон Салах, но „црвените“ не сакаа да слушнат за тоа.

Во последно време, Египќанецот не обезбедува многу одлични игри. Повеќето се на мислење дека има заситеност, па Ливерпул ќе мора да склопи добар договор на лето ако сака да го задржи Салах.

Да потсетиме, Ливерпул го очекува и дуел во четвртфиналето од Лигата на шампионите против Реал Мадрид.