Други спортови
Израелската тениска асоцијација упати протест до ВТА откако тенисерка ја поддржа Палестина
Тениската асоцијација на Израел испрати приговор до Женската тениска асоцијација (ВТА) против Тунижанката Онс Жабер по изјавата за поддршка на Палестина.
Жабер која е на 7.место на ВТА ранг-листата, преку социјалните мрежи порача дека не поддржува насилство и е против оние кои одзедоа територија од Палестинците.
Израелската тениска асоцијација верува дека Жабер со своите зборови „поттикнува агресија“.
Ноќта на 7 октомври, Израел беше нападнат со ракети од Појасот Газа. Палестинското исламистичко движење Хамас најави почеток на непријателствата. Како одговор, израелските власти започнаа воена операција и го мобилизираа воениот резервен состав.