Фудбал
Израелците го шокираа светот во пресрет на мечот со Швајцарија, излегувајќи пред новинарите со детска патика во рака (ВИДЕО)
Унгарскиот град Фелчут ќе биде домаќин на натпреварот помеѓу Израел и Швајцарија во рамките на квалификациите за ЕП 2024 година.
Градот се наоѓа на околу еден час од Будимпешта, а е означен како натпревар од висок ризик, па овој натпревар ќе го обезбедуваат голем број вооружени специјалци.
Израелците беа многу емотивни на денешната прес-конференција, па репрезентативниот капитен Ели Даса донесе само една патика и излезе пред новинарите.
„Не можете да ја замислите приказната зад оваа патика“, им рекол Даса на швајцарските новинари и ја започнал приказната за осумгодишниот Нејв Сохам.
„Тој беше киднапиран заедно со уште седум членови на семејството во Газа. Тројца од нив се веќе мртви, а оваа патика е единственото нешто што му остана во неговиот дом. Го чекаме да дојде дома.
Израелците истакнаа дека фудбалот повеќе не им е најважен. „Спортот повеќе не ни е најважен, сакаме нашите деца да се вратат во нашите домови“, рече селекторот на Израел, Алон Хазан.
При упадот на Хамас на територијата на Израел на 7-ми октомври беа убиени околу 1400 лица, меѓу нив и цивили, а над 200 лица, меѓу нив и деца се земени за заложници. Од друга страна, во нападите на Израел врз појасот Газа досега се убиени над 11.000 лица, а две третини од вкупната бројка се деца и жени. Според се уште непотврдени официјално бројки, во Газа при нападите на Израел од 7-ми октомври загинале над 4000 деца.